ја (зам.) - крепи (гл.)

„Тој целиот живот го помина со амалскиот самар на грбот, со амалската ортома околу половината, со проклетството на Атлас и на Сизиф, да ја крепи и пренесува земјината топка.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Крепоста му ја крепеше надежта на новиот ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Онака, онака, ама и вака”, рече игуменот, кој не се лутеше лесно, зашто беше еден редок човек што знаеше дека смешките ја крепат човечката самотија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Можеби ја крепеше само надежта дека ќе ја дочека својата љубов, својот невестински копнеж, кралскиот офицер, во кралска униформа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас стојам така, одвај ја крепам, ја закрепувам, а таа ми плаче на рамена. Истура солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во дворот среде гумно, имам цвеќе подабиче што ката година ми цуте, што ме грее и ми ја лелее душата, ми ја крепи снагата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако не беше така немаше да те почитувам ни тебе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што се однесува до твојата Партија дозволи да ти речам дека таа ги заборава дури и оние кои ја крепеа. Инаку, кога веќе сакаш да знаеш, јас ја почитувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)