ја (зам.) - исцица (гл.)

Јас, исушен, љубимец на вековите, ги засакав сите добрини и зла и сета жилавост на оваа голотија крај мене сум ја исцицал.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
А може некој очи ѝ го зеле, или болеста и неа ја исцица, ја секна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мојата огорченост кон некои бирократи што ме разголија како црн берзијанец пред неколку години, сега спласна како што спласна и увереноста дека сум херој за неколку капки црна крв што ја исцицаа Германците од мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сета сила ми ја исцицуваат однадвор каде што страдаме од компромисери и подлизурковци, наместо енергијата да ни ја концентрираат кон самосознавањето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ние ги наполнивме шкембињава и за нив не ни текнува! А и кравата ни остана немолзена. Пак ако се пушти телето да ја исцица!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)