ја (зам.) - измисли (гл.)

Веројатноста тој да биде друг, или дека ХАМЛЕТ можел да не постои, е единствената шанса што им преостанува на просечните за повторно да ја измислат на своите компјутери. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа никогаш не постоела, тој ја измислил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во најголем број случаи од него се очекуваше самиот да ја измисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвај има потреба да се каже дека најсуптилни применувачи на двомислата се токму оние кои ја измислија и кои знаат дека таа е еден простран систем на ментално мамење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така ние го изгубивме нашиот даровит другар Моне Хенџов-Даров, кој длабоко веруваше во приказната што ја измисли, која можеби и денес со занес ја прераскажува во сјајнита одаи на неговата царска палата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ние, бившите Југословени ја измисливме социологијата на слободното време.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нејзиниот шепот извира од мене и само јас и ноќта можеме да ја измислеме прикаската на еден живот. Бремена или само неколку часови леунка?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако говориме за иднината, не смееме да заборавиме дека тука тече незапирлив алгоритам: луѓето што ја измислиле парната машина, никогаш не би се сетиле да изградат огромен брод на парен погон, со што би ја употребиле својата технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Глупоста на возрасните не може ниедно дете да ја измисли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, војната тие не ја измислија...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А јас, лековерниот, и тоа на политички собир, презентирав цела една теоретска расправа за тоа дека праведноста не ја измисливме ние.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако побараше Даскалов да му објаснам што толку ме привлекува кај воденицине можев да бидам и многу поопширен а веројатно и појасен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека кон неа се стремеле поколенија и поколенија храбри и разумни луѓе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Приказнава јас ја измислив за да не ви биде здодевно додека стигнеме до полјанкава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Скотови, кој ја измислил таа брлива работа, ред.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ти самата си ја измислила таа бајка, и си ја раскажувала самата на себе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш кога брат ми ќе си заминеше дома по кусите посети, јас легнував на креветот, го навлекував чаршафот над мене, држејќи го со прстите на педа над главата, и гледав во белото небо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А на сето друго му плукав и ги проколнував оние што ја измислиле неделата за одмор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се прокуди човекот и не може и да зборува без ракија. Да му се урне гробот на тој што ја измисли! Ковче од ковче да му се разневиди!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)