ја (зам.) - избрка (гл.)

Најарно да молчи овде, да се притаи дури не си излезат, инаку како би можел да ја навреди неа, да ја избрка ли, да ја скара, да ѝ се развика?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Муртењето на кучешката или мачешката муцка, со кое се нагрдуваат за да заплашат и да ја избркаат опасноста, едвај е поинакво од другите движења што ги прават.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина се изненадив од ентузијазмот на Кристина при споменувањето на едно обично маче, но уште повеќе се изненадив кога таа наместо да истрча да ја гали мачката или да ја намами да дојде кај неа, почна да ѝ вика „пис! пис!“ за да ја избрка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако ги следите внимателно затскриените зад тагата погледи што избегнуваат да се сретнат, или дланките што одвреме навреме се креваат кон челата за да ја симнат онаа леплива сенка која дури ни најупорната желба не може да ја избрка од челото, ќе го сфатите она што сакам да ви го предочам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знам како - но веројатно поради целата возбуда, замор и јадење, веднаш сум заспал и така сум заборавил на мојот ноќен план.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе одиме по крсти да се помолиме за полето и за нас. Да ја избркаме болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Брука, брука! Сме довеле белосветска ороспија во куќава. Сигурно ја избркале од дома за да ја прикрие својата курвинска трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)