ја (зам.) - закопува (гл.)

Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Револтирано промрморев: „да имаше волку храна баба ми дури беше жива, немаше сега да ја закопуваме“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Вчера на погреб. Ја закопувавме баба ми.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Така неискапена, непроменета, непреоблечена. Ја покривам со земјата и се чудам: кај отиде огнот нејзин, како остина толку. Ја закопувам Капинка, а се молам Ѕвездан да причека, да не умира денеска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)