ја (зам.) - закопа (гл.)

Ех, тага ле, откако се знае Потковицата себеси, небидница владее со жителите нејзини, таа си ги коренува...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Трајана ја закопаа другиот ден, во време пладнина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На закопот беа сите жители од Потковицата, и старо и младо, и машко и женско, и свршеникот и роднините негови дојдоа од Битола, и сите на глас ја редеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
После, ко се разјасни сѐ во врска со Тодета и неговите, се дозна и тоа кој бил умрениот. односно која била умрената и зошто така, не по христијански, ја закопале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема ли денес неа да ја соберат дел по дел и да ја закопаат во заедничка јама?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но не го уби заради тоа што беше лошо, бесно, напротив кон него беше кротко, мирно и послушно, ами го отепа во еден момент на афект, кога тоа ја откопа главата од неговата жена која тој ја убил скришум и ја закопал во градината пред куќата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Марко Проказник стаса доцна: жена му ( ни ликот неќе не ѝ го паметеше) ја закопаа без тажачка и на гробиштата немаше никој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја закопа назад, таму од каде што беше излегла.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Деновите се склопчувале, згуснатите снегулки понекогаш го смекнувале студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако ја закопавме на долненскиот рид, во Прилеп ја најдовме мајката Евдокија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја закопавме како што повеќето од нас ги закопуваат – не во гроб, туку во јамата за бездомниците и најбедните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка му ја закопаа неколкумина селани.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ти Воин зол со молњи во белките што негде под срцето на оваа црна страдница добрината ја закопа, на овој брег што својот молк го посади а крик израсте; Ќе извикам безгласно ако е вик молчењето Воинот загина, тој злочест Воин, Житијата само останаа….
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Бедник вовиркајќи се во моето тело. со нокти душата во мразно око, ми ја закопа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таму, на гробиштата ја закопав муницијата, во еден наш гроб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се гледаме со бугарските војници, како ништо да не било. - Ништо друго не најдовме од него. Само крвта. И крвта му ја собравме и му ја закопавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А, Капинка, кај ти е Капинка, прашува Лазор Ночески. - Капинка одутрина ја закопав, велам, а Ѕвездан за вечерва ми остана, велам и ги кревам очите кон кај што навалува сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, некако ја однесов. Ископав дупка, покрај другите гропчиња, и ја закопав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ во мене беше секнато, сета вода скината. Ја закопав сама. Ја однесов на магаре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се налутија пред да го прости господ, рече, и таа не сакаше да ја закопаме заедно со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)