ја (зам.) - дувне (гл.)

Другиот ја дувна бубалката од показалецот и продолжи: „Се лутевте што сум освоил туѓа жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не беше научен да го сакаат и не им веруваше на луѓето. „Сеедно“, ја дувна од уста тревката што ја џвакаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме сметаше за потскажувач, за мал пакосник што гледа во него виновник за несреќите на патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Шо те боли курот за рајата. - На крај ако треба ќе ги спакуеме куферите и ќе му ја дувнеме од оваа свињарија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Забораваме дека имаме далечински управувач и дека на вториот канал еден македонски романсиер раскажува како се наоѓа среќен крај за својата книга.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Му ја дувна некаде со парите и нас нѐ остави, ко брбушки на цедилка. Сами во планината. Усвет и Бугарија и бегање!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)