ја (зам.) - докрајчи (гл.)

Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само отпорот на козите, на козарите и вљубениците во козата, можат вистински да ја докрајчат суетата на имбецилните и деструктивни идеологии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)