ја (зам.) - вовлече (гл.)

Бледо, испреплашено и без шинел, наместо кај Каролина Ивановна, тоа си дошло дома, се довлечкало некако до својата соба и ја минало ноќта сосема во хаос, така што следното утро за време на појадокот ќерката отворено му кажала: „Денеска си сосема блед, тате“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја вовлеков брзо фотографијата назад во големиот плик.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се обидуваше да ја вовлече во разговор, да ѝ го успори чекорот, но Пелагија го цапаше снегот со истото темпо и без зборови во устата сѐ додека не стигнаа пред вратничето на мајка Перса, од каде Чана сама продолжи накај Острово, кај Дончето и Митра.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кочијашот, кога го слушнал гласот, каков што обично се употребува во решавачки моменти и кој дури се придружува со нешто уште поматеријално, ја вовлекол, за секој случај, главата меѓу рамената, шибнал со камшикот и појурил како стрела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)