ја (зам.) - вгнезди (гл.)

Таа мисла ми ја вгнезди во умот мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Татко ја вгнезди нашата судбина во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никогаш не ни ја откри причината за својата неочекувана одлука да ја смириме судбината и да се засолниме во една стара куќа градена во османски стил, крај реката Вардар, близу еден дрвен мост, недалеку од историскиот Камен мост, кој ги поврзува модерниот, западниот и источниот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно утро наеднаш се загледа во мене изненадена: „На човекот му требаат многу години за да израсте од дете во човек.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)