ја (зам.) - бележи (гл.)

Пред горливите проблеми на светот, литературата нема време за теориско ценкање со философијата. 90 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не само што ја бележи нејзината младост, туку и самиот почеток на нашиот век.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Томо немаше зборови. Душка ја бележеше секоја негова промена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крчмарот и другите „трговци" им нареди да ја бележат вересијата на броевите од работниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој дел од патувањето на двајцата војници, одбележува една историска епоха, ја бележи апсурноста и трагичноста на таа војна, која воглавно се отсликува преку нивните регистрирани доживувања (низ исповедта на нараторот, кој знае сѐ, но не е сосема сигурен), без да се свесни, или се нецелосно свесни протагонисти на тие дејанија...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако литературата е жив пергамент кој од секунда во секунда ја бележи хрониката на „светот на животот“, тогаш таа не може да има никаква обврска кон теориските барања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)