Меѓутоа, исклучивоста спрема популарното исто така е продукт на аутизмот, и тоа оној псевдо-елитистички, и таа кај нас е посебно парадоксална имајќи го предвид тенкиот слој на интелектуална елита, и уште потенкиот на онаа која и економски е обезбедена.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ни остана за навек тој вкус на тестото на сиромаштијата, за да го бараме подоцна во животот секогаш тоа исто тесто, со надеж дека ќе го најдеме Мајкиниот вкус во него, тоа тесто кое никогаш не нè заситуваше, колку и да го јадевме.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се присеќавав на величината на Шарл Де Гол, на тој несомнен либертадор на Франција и Европа, соочен со предизвикот на владеењето на Франција, со земјата со која беше тешко да се владее, зашто нејзините жители имаа, како што велеше тој вкус за четиристотини видови сирења и уште повеќе вина, по големото недоразбирање со Французите и референдумот што сам си го препиша, во духот на демократијата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поради сево ова, приказната за популарното (без оглед дали поаѓа од турбо-фолк естетиката или од традиционалистичкиот аутизам) за многумина веднаш ги стекнува сите негативни конотации.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)