таков (зам.) - бил (гл.)

Затвореници: три германски офицери и 25 Бугари кои се предале без борба истакнувајќи дека такви биле нивните наредби“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Всушност, Берлин е на Запад. Таков бил и некогаш... Така расправаат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, сите овие новоградби, грандиозни и модерни, по завршетокот на Изложбата ќе бидат разурнати, а на нивни место ќе се појави одново парк. Такво било барањето на Белгијанците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Се појавив само заради тоа што морав. Таква била програмската шема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка остана сама во куќата со татковите книги, под вечниот изговор дека таква била последната желба на сопругот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Клепна клепалото, - ќе речеше дедо ми кога ќе го сетеше мирисот на кафето и тогаш брзо-брзо баба ми прва се измолкнуваше од постелата, зашто таков бил редот, а по неа и дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ете таков бил Итар Пејо. Тој знаел да брои ама не му текнувало оти магарето што го јавал не го броел.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како таков бил биран во црквен на управи, бил избиран и за аза, одборник при кајмаканот, како претставител на христијаните во Куманово и околијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Првиот од тие гласови бил прославен бас, вториот бил само гласче, не и некаков глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Силни- и на ѓаволот опаш му скубеле. Такви биле, братски се љубеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Летале што летале и приближиле до некое краиште од земјата, слегле и си починале, си попасале тамо троа тревичка, чунки такво било местото што немало никаква животинка рана за штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ги зел, а тие ни лаф. Такво било времето И пулувинта да и зевше ништо не ки речикме!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таков бил нивниот јаничарски парадокс, на Балканот уште пожесток.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Народот оттука таков бил, ако е некој болен трчаа да му помогнат, на некој ноќе ако му гореше светилката, трчаа да видат зошто седат толку доцна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таков бил и Луман на кого луѓето до селото под Пелистер му испеале песна што и денеска се пее и го чува споменот за човекот што го заплашил народот и за едни добри луѓе што биле комити ѝ му платиле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)