сите (зам.) - не (чест.)

„Сите офицери не избегаа, сите не се исти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сполај ти, господе, тој беше среќен, зошто, како, никогаш тоа не го разбрав. Важно беше едно: - Сите не!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И не сме во право кога се лутиме на некој што е влечкав, што не си ја врши работата, кога да си признаеме, сите сме такви и сите не знаеме да го цениме времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И уште ве поучував дека сите не сме исти и дека оние што биле дарувани од Бога да живеат во брак, а не како самци, треба да останат во она положение во кое се, оти помал грев прават ако останат во телесната состојба што им е дадена отколку ако сакаат да ја променат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но и понатаму тешко се живееше. Давачките за државата беа големи, ништо не можеше да се купи без купон, а сите не добиваа купони.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)