секој (зам.) - да (сврз.)

Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе, макар колку аскер и заптии да доведат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Марко на предното седиште, до возачот - а тоа ќе сум јас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другите, молам, на задното седиште!“ нѐ покануваше широко размавтан со рацете.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми стана криво дека толку се прави важен, но ништо не реков, зашто и му се може: автото е голема работа. Не може секој да го има.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не може секој да издржи цел живот да се плаши и да мисли само на покорност и на работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последнава беше заеднички нивен непријател и двата народа145решија да удрат на неа и секој да си земе што ќе може да откачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И може секој да лаже, ама очите, спуштените капаци што ја голтнале шминката, а таа не сокрила ниедна од брчките и само кога долго ќе трепнеш, плус со задршка, ќе заличат волшебно Тие и сјајот во нив што некој го изгаснал, исто како ламба во мракот што со плесок на две раце се гаси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин таа се тргала од него и се лутела што ѝ здодева, не била таа не знам каква секој да ѝ го попречува патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До нив не можеше секој да допре, да ги открие нивните значења.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да се согласиме првин за десет. Секој да предложи по пет и утре ќе започнеме да ги разгледуваме. Се согласувам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
4. СЕКОЈ ДА СИ МЕТЕ ПРЕД СВОЈАТА ПОРТА - но ѓубре да не расфрла по сиот град така како да е нов претставник на старата сорта општествено битие: правам сѐ што сакам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЗАФИР: Немам верба во Уредот...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ела ти, бре Стојане! Само гледај од секој да скусиш, десетина драма! Чу ли? (Стојан го заменува Зафира).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Наместо да ме населиш во тебе, да бидам твоја крв, Ти од мене направи олтар Пред него секој да се моли - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Секој да си спомни по една стихотворба што ја учевме од учителот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И трчаа низ село брзајќи секој да ги најде своите, па да им каже што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Такво е времето, вели, секој да сака, а никој да не дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Честопати се гледаме како секој да му е крив секому.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можете полека, нежно, како што снежи од небото снежно, можете тихо, леко, како што паѓа пердувчето меко, како што шепоти трева кога расте, и како што сонот доаѓа, се пласти, - можете да побарате и да замолите, скромно, тихо, со смирена душа та секој да ве разбере, та секој да ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)