себе (зам.) - последен (прид.)

Делото на Хирст е органска скулптура („озлогласено“ присутна во поно­вата бри­тан­ска уметност, нпр. во автопортретите од крвна плазма на Mark Quinn), а мумифицираното тело на овцата упатува на смртта токму низ претставувањето на „очајничкиот“ обид да се задржи претходната состојба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не престануваш да се соблекуваш, ги фрлаш од себе последните крпчиња.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Соколе останува уште долго неподвижен така како што беше задремал, како да нејќе да ги отресе од себе последните мрвки од сонот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека модернизмот бегаше од „комуникативните клишеа“ (Куспит), изјавата на Хирст својот праузор како да го пронаоѓа токму во исказите од традицијата на поп-културата, а конкретно во дефиницијата за поп-културна комуникација изречена во една песна од Beatles: "Half of what I say is meaningless, but I say it just to reach you..." (Julia).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Не ти пречи овој мирис од нафта? - го извлеков од себе последниот остаток од добрата волја додека седнував.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)