ова (зам.) - движење (имн.)

Киселинскиот тест не кажува ништо за точниот состав на таблети­те, што содржат или колку активна состојка имаат во себе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова движење на сочувство и нежност, уште повеќе ја растажи бездетната жена, и таа почна да се опира, да се влече по плочите, сѐ посилно липајќи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дури и добрата стока може да не е она што ти мислиш дека е.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никој не можеше да го сопре ова движење на луѓето и козите, под командата на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со вешто исплетени дезинформации, преку некои македонски орудија во рацете на бугарската пропаганда, ТМОРО беше свртена не само против Мисирков, туку и против целото ова движење што го раководеше МНЛД на чело со Д.Д.Чуповски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа се однесува на промена, не на структурите на моќ, не на тоа кој ја контролира полицијата, туку на индивидуалниот ум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е револуција на „главата“: настан на проширување на свесноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)