некој (зам.) - на (предл.)

Има и такви што ги носат носевите на своите љубимци: некој го носи носот на својот булдог, некој на својата свиња, на кравата, на бикот...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ние тука сите си се знаеме по нашите имиња и презимиња, а тие ни кладоа некои на - идис, -исис, -лос, со што и местото и сојот ни го испоганија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако замина тој, тие стоеја таму како мртви, без да мисли некој на нив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои, што израснаа подоцна, со големината ги надминаа постарите, а некои на самиот почеток се исушија, иако таа не можеше да се види дури и по неколку дена, кога тие се стуткаа и паднаа од ластунката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ми горат ушите и образите, обично ми се јавува некој на телефонот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По завршувањето на осмолетката, според успехот што го покажавме, нѐ распоредија некои во гимназија, некои во стручни училишта, а некои на занает.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
(Пали свеќа. Ги буди сите.) Има некој горе. Има некој на таванот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа никој не го сети. Не го сети, ниту, пак, се најде некој на самото место што би сакал да се сети.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се плашеше некој на неговите сакани Балканци, да не им ја фрли во нов облик семката на јаничарската идеја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некој на рамо, некој со волови влечкаа во селото греди и дрвја за да ги поправат пак куќите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ослушував: некој на вратата гребеше, туркаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, тој сѐ уште одеше одоколу во предочувањето на реалното стравување некој на Балканот да не го прекине засекогаш вечниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)