некаков (зам.) - абер (имн.)

Сите на беговата кула беа загрижени и молчеливи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Три дена нестрпливо стариот татко на Назлам-бег, на чардакот од кулата, чекаше од потерата да му го ослободи младиот син или да донесат некаков абер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога ќе ѝ соопштев дека останувам, се снаоѓаше некако, по Андон Клековски ќе ми испратеше нешто за јадење, за макнување, за да не гладувам, или ќе ми испратеше некаква наметка, џемпер или појас за половината, за да не настинам, или било што ќе ми испратеше како да ми испраќаше некаков абер, можеби знак дека таа постои затоа што јас постојам и дека тоа за неа има значење и дека тоа и за мене би требало да е така.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)