му (зам.) - ќе (чест.)

Мајка му ќе стане ќе се доближи до креденецот, ќе отсече поголемо парче леб, ќе го намачка со слатко или мармалад и ќе му го даде.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој бетер од татко му ќе биде.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Татко му и мајка му ќе дошле крај него, ќе го молеле, ќе му зборувале, но тој ни ги гледал, ни гу слушал, туку само гувеел, слеп и глув за сè друго, дури и за нивните зборови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Жена му ќе го извади шишето што веќе го довеле, што двајцата, што самата, речиси подолу од половина, и ќе испијат по една.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога татко му ќе му договори да се жени со жена од фамилија зафатена (како оној несреќник Васа Ладачки на Балашевиќ) Шурда, се разбира одбива.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не е ова ни прва, ни последна...). Мајка му ќе излеташе од радост: не можеше да му се изнарадува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко му Ставре со години го чекаше, се надеваше дека еден ден син му ќе се врати жив и здрав.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ни на крај памет не ми доаѓаше дека мајка му и татко му ќе испаднат толку лоши... зли...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка му ќе го пречекаше со некој од нејзините специјалитети, што му беа омилени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И сега на сина му ќе му дадам внука за жена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Оживеа од слатката надеж дека брат му ќе умре, се насмевна и ги протри рацете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му недостига уште опашка со врзана конзерва. Ѝ се фалел на Мира дека татко му ќе ја земел куќата на Калча и во неа ќе живееле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога беше помал, на родендените што ги славеше, мајка му му правеше торта, и тогаш Огнен леташе од радост и постојано околку тортата се вркаше: за миг ќе го излапаше парчето што мајка му ќе му го отсече, а ги собираше и парчињата што ќе преостанеа од неговите другари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)