кој (зам.) - таму (прил.)

Но, глупаво би било да не се излегува воопшто во шума затоа што има боцки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помислете на печурките (помеѓу останатите и на царската!) кои таму би можеле да ги пронајдете.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мртовец.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој осветлен прозорец му говореше за животот во домовите за онаа убава врска меѓу блиски луѓе, кои таму заедно делеа добро и зло.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во истиот миг кога пашата го обзеде најголемо очајание, во водите на Билјанините извори, кои се влеваа во Охридското Езеро, засјаи необична светлина: Жените, кои таму белеа платна, занемеа од чудо: Прстен им ги засени очите!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се појави сосема нов дел од мојата личност кој таму некаде длабоко тлееше и чекаше да дојде време да биде откриен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ќе одиш со коњ, ова писмо ке го предадеш на луѓето кои таму ке те пречекаат – рекол Мино.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Доколку почудно ми станува поведението на оние непознати луѓе кои таму дома толку грубо, пред носот ми го затворија мртовечкиот сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги повлече вујко ми кој таму беше заминал уште пред Втората војна. Посетне тие го повикаа брат ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кој таму?“ Халт, се сети и се подгрбави.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оваа случка ми ја раскажа Вилхелм Фридеман, кој таму бил во придружба на татко му, и морам да признам дека секогаш со задоволство се присетувам на начинот на кој ми ја раскажа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со завршувањето на војната, луѓето почнаа да си ги бараат сите свои луѓе распрснати кој ваму, кој таму во војната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додека работевте кај Форд, дали имавте впечаток дека начинот на живот кој таму им беше наметнат на работниците може да ги засили менталните пореметувања? О, никако. Не.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Му ја донесе борината на првиот свој муштерија и им ја однесе маста и сирењето на другите дома со една пламена желба: да помине крај конакот на кадијата, белким ќе ја наѕирне од некаде неговата Анѓа која таму робува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Читам гласно: “Јас, долупотпишаниот, без принуда и по своја волја се откажувам од син ми кој таму зад железната завеса, во комунистичките земји...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сликарот, чие име беше Фридрих Рихтер, бил од околината на Минхен; кога им се родил синот, тој и сопругата живееле во Виена – потоа пак отишле на имотот крај Минхен, а сега се вратиле во Виена затоа што слушнале дека доктор Ото Ауербах, професорот на брат ми, може да им помогне на деца во чија душа се вовлекла тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кои мирно и тивко го доживуваат постоењето како трагично.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја беше запомнил мојата желба, и една недела подоцна ми кажа дека во куќата на еден од неговите професори доаѓа сликар кој таму држел бесплатни часови по цртање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кој стигнал до таа длабочина, кој таму потонал, барем за миг се соочил со бесмислата на постоењето и со трагичното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Штом ќе се разбудев, а јас секогаш се будев порано од моите сестри, одев во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега можев да одам во задниот двор со моите сестри кои таму си играа со децата од соседството, но некој нејасен страв ме тераше да останувам покрај прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да одам по Добрина со туристички чекор, мапата во џебот од синото палто (таков студ, а да си го оставам капутот во Бурглос), до еден плоштад спроти реката, речиси врз зататнетата река со искршени мразови и лаѓи и по некоја птица рибарче која таму се вика збуанија тхено, или нешто полошо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жена си замислува имиња кога патува, ги помни во моментот: Добрина Стана, збунаија тхено, Бурглос.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)