го (зам.) - дави (гл.)

Со тешка издишка се отпушти пак разочаран и запеа пресипнато, протегнато, пијански, како да го дават: - Нема Ботев, нема Левски, нема Караџата...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сигурно слават си рече и почувствува како му се надига нешто од градите и го дави во грлото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во еден миг осети, во градите му пукна нешто, се скина, се разлеа, почна да го дави.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Покрај него стоеше Митре намрштен, нешто го давеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога таа би била на место на Обама, уште сабајлето на петти ноември Џорџ Даблју Буш би завршил на гилотина, Џон Меккејн би го испратила да дроби камен во Гвантанамо, Кондолиза Рајс јавно би ја шишале пред Капитол Хил, на Дик Чејни би му пуштила луѓе да го дават со свилен гајтан, а на Сара Пејлин сосе мажот и петте деца би им пресудила ко Ленин што им пресудил на Романови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тефик, пак, за да не му се види на валијата оти премногу кучето му го дави задржувајќи го на синџирот, поттрчувал по него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да ми кажеше и порано таму ќе ја закачевме, - рече татко ми скоро избегнувајќи го погледот и ми се стори како нешто да го дави во грлото.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На една страна е она што го дави човекот, на другата е збран револтот на совеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Густ прав го души и го дави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Замолкнаа. Секој во, себе прежвакува понешто што се уште го нема речено, нешто што го дави како коска во грлото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Едно малечко биволче, еден ненаситник, еден вечно гладен, наеднаш беше ти осетил како нешто го дави во грлото.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мајките го создале тој непишан закон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој првороден син бил убиван – му го сечеле главчето на новороденчето, го давеле во вода или го гореле во оган, го фрлале на кучиња или свињи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Џеки, мислејќи дека Винко го дави, го задушува, уште повеќе напнуваше да му ја оттргне муцката од раката, па дури и да го касне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И го дави човекот, му ја кине устата, му ги каса ушите, го дупи со палците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)