ги (зам.) - развива (гл.)

Сојузниците, и од Исток и од Запад, ќе н почитуваат и ќе ги развиваат односите со нашата земја само доколку успееме да развиеме праведно судство, како темелна институција на нашата држава...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Наместо тоа, накусо ќе се задржам на едно дело, Anemic-cinema, во кое пронајдов нови битни елементи кои ги потврдуваат и понатаму ги развиваат претпоставките кои веќе ги наведов во својата книга, и за кои, ми се чини, дека ја појаснуваат (а како полезен извор им послужи делото на Атанасиус Кирхер /Kircher/) уметничката постапка на Дишан, кој е слободно инвентивен, но често е и строго насочен кон истовремено забавните и “длабокоумни” принципи на езотеријата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А во дождливо време и во зимата сликаше во една од собите во куќата која ја имаше уредено како ателје и каде што ги развиваше филмовите и ги изработуваше сликите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие трансформации немаат за цел толку одредување на сексуалноста како таква, бидејќи таа произлегува од односите со родителите, љубопитноста на детето кон она што родителите го прават во негово отсуство, неговото интересирање за примарната сцена, родителските одговори и премолчувања околу сопствената сексуалност, и сфаќањата за сексуалноста кои врз основа на сето тоа детето ги развива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради тоа не е тешко да се предвидат сличните последици што би ги предизвикала зголемената потрошувачка на разните видови јаки дроги како што се крек и метамфетамин или послабите ПЦП, а да не зборуваме за неизбежната појава на нови дроги кои во случај на легализација би можеле да ги развиваат приватните фармацевтски фирми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вкупниот пораст на потрошувачката на јаките дроги нѐ загрижува поради тоа што од историјата на алкохолизмот знаеме дека поголемата потрошувачка предизвикува и потешки општествени и здравствени последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Драмите на Набоков ги развиваат во сценска форма за него вообичаените, нему драги идеи и не се можни кај ниеден друг писател.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Луѓето со коишто соработувам ги развиваат облеката, ракавицата и очилата. И да не сте јаделе денес буники?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се гледавме себеси како пионери што ги развиваат модерните верзии на традиционалните техники за развој на филозофските мисли и личности”, вели Лири.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
При тоа, тој нема цел да ја моделира уметничката пракса за таа да биде присутна во посточката медиска презаситеност со слики, туку да се покажат можностите за „протуркување“ на критичкото и „радикалното“ во наизглед занишканиот и успан контекст на популарното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Праксата за која ќе стане збор тргнува од свеста за една организација на светот и на визуелните полиња во коишто тој свет постои, светот на тн. „богат поглед“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога луѓето започнале да ги развиваат културалните мемориски банки (кога започнале да стануваат луѓе) се здобиле со достап само до едни крајно проблематични мнемонички средства. (Мнемоничко средство или мемориско помагало е објект што ни овозможува да бидеме „информирани“ - Односно: да складираме информација.)
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)