ги (зам.) - проба (гл.)

И друго: Крчо е мајстор на одбирањето. Сите ги пробаат јајцата со чукање со прст, ама Крчо знае друг марифет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како што се израдува Нешка со првната китка, така се израдува и Крле со калците. Mope, ги гали, ги мазни, ги притиска на градите, по образите, ги избакна секој по десетина пати и ги проба да ги обуе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За кратко време ги проба и стана зависник од сите пороци што ѝ беа понудени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сè уште ќе бидат прескапи за да ги имате дома, но многу луѓе веќе ќе бидат во можност да ги пробаат, да ги доживеат низ различните институции и низ работата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За три до пет години ќе бидете во можност да ја пробате виртуелната реалност, на подобрите универзитети, во спектакуларните забавни паркови за кои сепак мислам дека нема да бидат вредни труд...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Другиот проблем се однесува на младите, кои несомнено би можеле да набават дрога исто како што можат да набават цигари и алкохол.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ниеден систем тоа не би можел да го спречи во потполност; всушност, до 1990. година, и покрај потрошената сума од 10 000 милиони долари годишно, федералната влада не беше способна да спречи 22, 7 одсто малолетници на возраст од 12-17 години, да ги пробаат забранетите супстанции.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Внимателно, седнува крај неа, на крајот од креветот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Патникот сѐ уште на непцето ја чувствува лутината на халапењос (се пишува со „ј“ на почетокот и капичка над „е“), зелени мексикански феферонки што ги проба попладнево кај Луис Алфонзо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Не. Му ги пробав јадењата...“ „Што јадеше?“ „Кучешка трева со глисти“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Всушност, не му се јасни луѓето кои голтаат по половина дузина Е таблети за една вечер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Вистина е дека тестовите не покажале дека има некакви психолошки оштетувања, но мислам дека секој што редовно зема по 4 или 5 таблети, секако си прави некакво физичко оштетување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите наши егзистенцијални кризи елегантно се вкапсулирани во една малечка таблета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Немој да викаш: ‘Сè што ми треба е само уште една ствар, таблета, и ќе бидам среќен. . . ‘ И да знаете дека е во право.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Чекајте првин да ги пробам, - не се збуни Зоки – а потоа ќе ви кажам дали се за броење.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)