ги (зам.) - душка (гл.)

Тромав од старост и со студ во коските, светлозејтинест и без надеж дека ќе му се спротиви и на помал волк, манастирскиот пес безволно им ги душкал опинците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Птиците умираат невидливи, мислел некој од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бети: Не, со едно џуџе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За малку ќе ги фатев но ми избегаа со такси! 20.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Почитуван во општеството! (се влече четвороношки по подот) – Види, види го ти него – се довлечкува до заспаните, ги душка – Овде смрди на декаденција.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа траеше доста кусо, колку четири здива, или колку четири волчи соништа, а после, наеднаш, оној маѓепсничар пак ја покрена својата волшебна прачка и дивинките го разбија својот застојан синџир и сега зедоа да ги душкаат сите негови стапалки по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)