вас (зам.) - ќе (чест.)

Ами сепак јас ќе ви го кажа и ако успеите да го кандисате, за вас ќе биде од голема корис, a јас пак ќе го симна товарот од мојот грб и мирно ќе си ода на почивка кога севишниот ќе ме прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но и тоа прелага било: обидете се да растете високо и право, а животот вас ќе ве свитка!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А можеби некој од вас ќе ми растолкува? Аргир, о Аргир! Можеби ти, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секој од вас ќе добие дел од наредбата што се однесува конкретно за секоја единица и тоа во детали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Девојки! Запамтете... Ако вие не го убиете него, против кого сте ја впериле пушката, тогаш бидете сигурни дека тој вас ќе ве убие.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И тебе и сите вас ќе ве потсетам: Јaс, чедо на народот на Грција и борец на Демократската армија на Грција, се колнам дека ќе се борам со пушка в рака, ќе ја пролеам мојата крв и ќе го дадам мојот живот за да го истерам од мојата татковина и последниот странски окупатор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Зошто си толку сам?“ - го прашав сиот в плам „Не грижи се, момче, јас добро знам, во сите вас ќе постојам!“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби и пред вас ќе стаса.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стариот Стојмен само промрморе: „Нека, нека и на вас ќе ви дојде крајот. Еден ден и вас сувава солза и клетва ќе ве стаса!“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во светот го развиоривте барјакот на етнографската и археолошка, наместо либерална политика; и таа политика по вас ќе биде кобна”. (Ренан) Пред глетката на наизглед локалниот алзашко-лотариншки спор, Ренан го има претчуството за неизбежното паѓање во варварство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Извадете ги темнината и бесот од срцето, зашто ве прават страотен, та и децата од вас ќе стравуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Особено е битно да не се лепите до апаратот зашто вратата, ако не ви е Бетменска, не ќе можете да ја отворите, а кога ќе го откриете тоа, позади вас ќе има веќе две аута што чекаат ред, па ќе мора и тие да се враќаат во „рикверц“, додека вие маневрирате вешто, напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— За вас ќе затворам очи, велам, но јас не земам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Друг пат специјално заради вас ќе гледам да ме фати.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе отидам, значи, да крстосувам под вашите прозорци, додека над вас ќе бдеат Амор, Морфеј и малечкиот Бром.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Еве што јас вас ќе ве замолам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од неа и од вас ќе зависи натамошното нејзино лекување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тогаш со нажалена душа Христос им рекол: - Вистина ви велам, еден од вас ќе ме предаде.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Која од вас ќе ми го распара лицето, ќе ми ги извади очите ќе ми го раскине грлото и ќе ми ги распара градите, борејќи се за сопствениот живот?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Аааа, поинаку јас со вас ќе се расправам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- За Врбник? – прашува и мисли. – Аха, знам, ама сега не се вика Врбник туку Врник – вели човекот - Треба да се вратите во градот и кога ќе стигнете во центарот пред вас ќе ја видите банката и потоа ќе свртите лево и ќе возите пругоре до првиот свиок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Таа работа од вас ќе бара доста лејбр. Исплатлив лејбр. Работа, што се вели.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Ајде марш во веце ти прв, па после сестра ти! Цел живот ли по вас ќе чистам!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Моите две тетки тивко цимолкаа и шмркаа за вујко ми Сотир, додека тој од врамената фотографија на ѕидот концентрирано гледаше во празната тава на масата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дали празник светол и Вас ќе Ви биде Воскрес на душа, која на крст чесноста ја става. Круна од трње на невина глава.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Причината беше што помислував дека при средбата со вас ќе се судрам со вашите потсмешливи и презирни погледи, па сето тоа тешко и непријатно ќе ме сневеселеше...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Неколцина од вас ќе ми помогнат за носење на пушките.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А се разбира за ова: јас и еден од вас ќе треба вечер да тргнеме за град...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Обидот да се искачите по импровизираното минималистичко скалило за спас од бездна за вас ќе се сруши ко кула од карти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Берете ум во главчињата! И од вас ќе станат луѓе.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во петто одделение има многу материјал по аритметика и геометрија", пак лажев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставникот вели дека секој ден треба да вежбаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Умен, мајкин“, ме погали мама. „Многу ме радува дека и другарите ти се умни деца. Од вас ќе станат чесни луѓе.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можеби некој од вас ќе ја засака мојата професија!“ со насмевка се поздрави со Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Искуствата да ги пренесувате на помладите. Идната година некој од вас ќе го замени Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Треба да чекате некој младич кој на масата пред вас ќе стави еден неизрежан клуч.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Може да се случи никој да не се појави со клуч, ни таа, ниту следната среда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе видиш дека пред вас ќе си појдам дома, вели, јас ја гледам куќата, вели, ене ја ондека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а тој - дандара-мандара: ако се премислите, работата ќе ве чека, вашата работа вас ќе ве чека, нашата работа секаде нас нѐ чека, си мислиме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)