Дуковица ми кажуваше дека еднаш и јадел и пиел цигара. Ама тогаш многу се засркнал. Со чадот и трошки му залетнале.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кај нас се јаде и за денеска и за утре, велам, се јаде и за оние кои нема што да јадат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да купиме, вели Оливера Поточка, да јадеме и ние еднаш ко луѓе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Повеќе да сркаат грав. А ако сркаат повеќе грав, пак ги удираш по рака: - Јадете и од лебот, ќе им велам, што сте се навртиле само на гравот, ќе им велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште се чудам како ја докријавме кравата. А и магарето. Бугарите јадеа и магариња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)