Пред да ја земи муштеријата рибата, му рекол: - Е, мајсторе, не за кого било печено, ами за кого било речено, тој ќе ја јади рибата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Чинговци беа месари, мезетеа месо и со ракија, чисто месо само печено никако варено; немаа ништо против и сирењето, особено јакото, како ни против суканото ако е мазник; додека спанаќ и други треви не сакаа ни да видат; а со очи ја јадеа рибата, од пржената пастрмка до белвицата на сач.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ај, да купиме риби, велам, денеска се јадат риби.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отишол измеќаро при царо и му кажал оти ја продаде рибата за шес - десет.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
— Имаше, ама не сте ги виделе, велам, и тие си ги јадат рибите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Сега јадете риби и пијте вино, вели Григор, оти ова вино треба да ви држи до Велигден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)