шепоти (гл.) - дека (сврз.)

Стана во мугрите. Се врти по куќи, мисли, размислува и сенешто и шепоти дека погреши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Марко остана да седи ноќе на черга со подвиткани нозе под себе и да шепоти дека земјата,негова родна и неродна, го мачи додека туѓината го повикува и му нуди утеха.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога бил млад, отишол во туѓа земја да печали пари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се шепотеше дека ќе ги носат во посебни собирни центри за нивни сонародници, кајшто ќе останат сѐ до крајот на војната, но и тоа дека ќе ги однесат на пат без враќање.  Откако фатија да се шират тие гласини, Рашела одново почна да спие дома, кај нејзините.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Долго ме жулкаа по главата шепотејќи дека попусто е плачењето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И замислете си, госпоѓо Рајна, ми шепоти во увото тој влакнест луд Ракоткин, Сузи му беше гордост на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа, ми ја наближи речиси до увото онаа негова смрдлива муцка и ми шепоти дека Сузи не била љубов само на Ролан, туку и негова лична симпатија била.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)