чувствува (гл.) - удобно (прил.)

И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сопчето беше тесно за да можат сите во него да се чувствуваат удобно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа стана од својата клупа. Денес таа не се чувствуваше удобно на клупата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Живеам во мал град во Минесота каде луѓето не се чувствуваат удобно кога станува прашање за фигуративни и неконкретни работи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)