формира (гл.) - свој (прид.)

Кон крајот на В век во Италија доаѓаат Остроготите, го поразуваат Одоакар и формираат своја држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Иако претставувала безначајно малцинство, Егзархиската “партија“ решила да формира своја организација, со цел не да се бори против османското ропство, туку да и се противставува на Македонската револуционерна организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Државата и војската имале формирано свои сопствени сигурносни и контраразнавачки процедури, а армијата и морнарицата формирале одделни служби за дешифрирање и читање на информациите што пристигнувале од дипломатските претставници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на тоа каква била американската разузнавачка служба, американскиот дипломат Роберт Марфи, во годините пред војната, истакнал: „мора да се признае дека нашата разузнавачка служба во 1940 година беше примитивна и некорисна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Самата интерпретација ќе зависи од нивото на нашата популарна информираност која и за Хјум ја диктира комуникативноста на сликата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без таквата информираност сликата Анатомија на небеско суштество (Anatomy of a Sky Creature, 1993) на Rod Dickinson (р. 1965) нема многу да ни каже со оглед дека во потполност е условена од поп-културните дискурси. (Ако жанрот со кој до сега се занимававме главно беше „еротски трилер“, ако не и чиста порнографија, сега тоа е science fiction.)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И кога татко ми во Скопје, во куќата крај Вардар, ја формира својата нова библиотека, во семејството беше воспоставена нужната рамнотежа за да се истрае, за да бидеме малку среќни, татко ми беше како алхемичар на своите книги, го бараше од нив невозможното, како што сакаа алхемичарите да ја најдат формулата на производство на злато од песок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас бев останат со нив и по­малиот брат, откако другите деца си формираа свои семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)