тргнува (гл.) - да (сврз.)

Ловиштето го покриваа со веленце и тивко, за да не ги возбудат врапците, за секого од домаќинството уловуваа по еден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во време на божиќни пости, во студените и куси доцнадекемвриски вечери, кога врапците, навечер, ќе се сплотеа во копите и под стреите, домаќинствата тргнуваа да ги ловат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Убавиот Месечко излегуваше од зад ридот и тргнуваше да се шета по небото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го остава шишето. Тргнува да си оди.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
МАРА: (тргнувајќи да ја бара). Во... во... во ааа... почнуваше со Ч.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Имаше пред себе дваесетина километри зимен пат до своето село, а сега тргнуваше да го оди, сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но зборовите му откажуваат послушност на Христов, тој пак го сведува погледот в земја и по извесно време, тргнува да излезе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас тргнувам да си одам, Дуковица ме пристасува, ме запира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Продужи да чистиш, вели капетан Мирковиќ и тргнува да оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)