стигнува (гл.) - да (сврз.)

Па човек, кога ќе видеше толку многу садови, собрани на еден куп, навистина со право можеше да си помисли дека водата во Потковицата сосема се дососала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но како никогаш и никоја не стигнуваше да биде прва, имаа такви, лоши, табиети да се извикуваат и во групи, по две или по три, одеа на вода а таму, на чешмата, или на бунарот, ги оставаа садовите, за да им држат ред, и се враќаа дома си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го тужеле. ...стрико ти баш дауџија Си заљубило момите ем калешести невести ем сиротици вдовици со таа пуста тамбура.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Ова не е крај – стигнува да помисли. – Само што е поинаку.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Здраво – ми дофрла. Не стигнувам да му одговорам затоа што е веќе кај свијокот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пепелот од цигарата секогаш му паѓаше на панталоните. Никогаш не стигнуваше да ја истресе навреме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Постојано го терав да ми раскажува за бонбончето што го лижеле сите тројца заедно..
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И во тоа глупаво мавтање со раце стигнуваше да нѐ погледне со студени очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Понекогаш му носев книги кои самиот не стигнував да ги читам а сакав да го имам неговото мислење за нив, да ми ги потцртува со молив позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Границата толку брзо се менуваше што граничарите не стигнуваа да ја дочуваат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)