Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Од другата страна на реката го сретнаа очите на куќите - безброј осветлени прозорци.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И Аќиф погледна во него, та им се сретнаа очите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се плашиш да не ти го фати погледот, да не ти се сретнат очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И не знаеш кај да гледаш, што се вели, ти е страв да ти се сретнат очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На влегување, пак ни се сретнаа очите со Германецот. Ни се полажаа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Господова волја е кога ќе се сретнат очите - та две души да се заљубат - воздивна мајка ѝ.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И само што требаше да оптегне за ногата, да пукне, му се сретнаа очите со паднатиот и Суло го задржа прстот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Лицето му беше отунато во крв, десната рака скршена, а на устата му вриеше шапка пења.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)