случи (гл.) - та (сврз.)

Ним им се случи та, да не можат да си дадат ответ пред жителите од околните населби кога за непрокопсаноста на Благуна ги прекоруваа: тие кои највисоко го вееја знамето против сите завојувачи, неми остануваа во таквите незаслужени напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сиот се растреперив. Што е тоа што се случило и кому се случило та што треба да се јави в милиција?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сигурно нешто големо и непријатно ѝ се случило та се забрала дури од Македонија во овие атари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Митко се чуди. Што се случило та татко му така чудно се однесува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)