сака (гл.) - толку (прил.)

Ревеле, ‘ржеле за гуша се држеле, се бореле, се кубеле, навистина се љубеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Понекогаш, кога ќе воздивнев, таа ми запеваше приспивна песна за мајката која бдее над своето дете онака како што месечината бдее над земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сакале толку што дури и се мразеле, да имале нозе ќе се испогазеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Понатаму, што се случува. Се заљубувам во него до уши. Ја губам главата. Никој до сега не сум сакала толку многу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никогаш не го сакал толку длабоко како во тој момент и тоа не само затоа што ја прекина болката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дека може да не го сака толку многу тоа дете што го очекува...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Човек можеби и не сака толку многу да биде сакан, колку да биде разбран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, некаде длабоко од потсвеста, излегуваше прашањето - ако навистина ја сакаше толку многу, како што му се чинеше во почетокот, кога ја убеди да тргне со него, - дали немаше да најде некој друг излез?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)