развива (гл.) - свој (прид.)

Кои ќе бидат теоретиците на новото течење, каде тие теоретици ќе ја развиваат својата дејност, каде и каква ќе биде нивната аудиторија, од каде ќе се земаат средствата за пропагирањето на идејата, како ќе проникне таа во народот и како ќе се поддржува во него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Праксата за која ќе стане збор тргнува од свеста за една организација на светот и на визуелните полиња во коишто тој свет постои, светот на тн. „богат поглед“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Низ неговиот перформанс, се чини, како Jean Baudrillard да ја развивал својата мисла за приклученоста на телото и за протетскиот сензибилитет; Stelarc е со 100 и повеќе метри кабел приклучен на различни апаратури, исто така електронските додатоци го спојуваат во нова, да ја наречеме франкенштајновска целина, неговото, со додаток на трета електронска рака крајно артифицелно тело.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
При тоа, тој нема цел да ја моделира уметничката пракса за таа да биде присутна во посточката медиска презаситеност со слики, туку да се покажат можностите за „протуркување“ на критичкото и „радикалното“ во наизглед занишканиот и успан контекст на популарното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)