продолжи (гл.) - натаму (прил.)

Сепак, иако градите му се пони со свежина, иако снегот под него весело крцка, воздухот понекогаш му затреперува пред очите. – на градскиот заробеник потребно му е време да се привикне на слободата – си се потсмева и храбро продолжува натаму.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И продолжи натаму со друг збор: „Воздух.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одмавна со раката, со намера да продолжи натаму.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој сврти зад аголот и продолжи натаму.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ќе ја отвори вратата, му се отвора јужната страна и еден дел од брегот на езерото што од неговата куќа продолжува натаму да сe исукува како воден конец; сонцето постојано му е на вратата, и штом ќе ја отвори, тоа му влетува внатре; на задната страна, кон селскиот сокак, на куќата има прозорче, мазгалка, и низ неа протинаше пушка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Студено намерниците ќе погледнуваат на тебе и ќе продолжат натаму кон непознатото по овој или по оној правлив пат... што не враќа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Виде- не виде, се откажа Мил од тоа и продолжи натаму да експериментира во лабораторијата подложувајќи ја смешата на овие аноргански елементи на ултравиолетовото зрачење и електрицитет и високи температури за да предизвика импулс во синтезата, во создавањето на органската супстанца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мечето продолжи натаму, кон реката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога излегуваат од сокакот, наредени еден покрај друг, одат по средината на Градишки Пат, а кога стасуваат до Источна порта, место да продолжат натаму накај полето, како што си мислеше Лазор, тие скршнуваат спрема пругоре спрема кај нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)