попречи (гл.) - да (сврз.)

- Ми се чини твоето почитување не му попречило да те нагмечи во буваров, - со иронија рече Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И никој не ќе попречи да го исполни својот долг.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сара и јас понекогаш зборувавме за мајчинството, и еднаш Сара ми рече: „Докторите ми велат дека мојата болест нема да ми попречи да станам мајка,“ и помина со рацете по металот околу своите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)