поднесе (гл.) - оставка (имн.)

Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поднесе оставка од колеџот Св. Олаф каде предаваше Англиски и креативно пишување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И самиот факт што во извештаите на американските известувачи се зборува за можните судири меѓу "Македонците и Србите" укажува на присуството на две различни струи и на две различни концепции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 17 декември 2004 беше конституирана нова Влада на чело со Владо Бучковски.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Новата Влада функционираше до 15 ноември 2004 година, кога Хари Костов поднесе оставка.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)