погледне (гл.) - ја (зам.)

Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Човештина ли има во тоа што Зоја, а бре, погледни ја, девојче е уште, мрсулот, гледаш ли, како и виси, а таа го носи пушкомитралезот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледни ја оваа нечистотија по целото твое тело. Погледни ја кирта меѓу прстите на нозете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Море, некако пред време ми се задевојчило. Погледни ја, преку ноќ се претвори во зрела жена. Зрела во телото, но не и во умот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Погледнете ја убаво пешачкава патека! Овде почина мајка ми. Си одеше, одеше... и одеднаш – туп! – падна. Срцев удар.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
-Погледни ја оваа планина. Понекаде е покриена со снег.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Зелени се чедо. Уште е рано. Еве, погледни ја јаболкницава... Зелени се...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, зошто? Имаше ли тајната некаква врска со тоа?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледни ја цевкана“, ми рече Клод Галиме, најмалиот и најподвижниот во целиот тим, со кого брзо се спријателивме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)