Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Харман (Harman) и неговите соработници успеаја врз основа на сопствените истражувања на психоделиците (ЛСД, мескалин, псилоцибин, канабис и други), да ја откријат нивната способност да го олеснат решавањето на проблеми по пат на влијание врз “илуминационата фаза”, којашто многу теории за креативниот процес ја земаат како клучна во дистинктивна смисла, за време на решавање на сложени и долготрајни операции.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Според талмудското верување, ако се открие нивниот распоред, се открива новиот свет, оживува мртвото време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Откако го открија нивниот потенцијал за рекреативна употреба и можноста работничката класа да ú се препушти на првобитната верзија на “вклучи се, исклучи се, откажи се”, владата воведе контрола 1868. година.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Делото на Хирст е органска скулптура („озлогласено“ присутна во поновата британска уметност, нпр. во автопортретите од крвна плазма на Mark Quinn), а мумифицираното тело на овцата упатува на смртта токму низ претставувањето на „очајничкиот“ обид да се задржи претходната состојба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Додека модернизмот бегаше од „комуникативните клишеа“ (Куспит), изјавата на Хирст својот праузор како да го пронаоѓа токму во исказите од традицијата на поп-културата, а конкретно во дефиницијата за поп-културна комуникација изречена во една песна од Beatles: "Half of what I say is meaningless, but I say it just to reach you..." (Julia).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Пролог Татко, во наследство, покрај книгите и дел од сиџилите, ни го оставии неговиот сон за дооткривање на нивните пораки, откако, конечно, успеа да им го открие нивниот толковен код.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)