Популарната култура не е експресија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во популарната култура се наоѓаат препознатливи симптоми на она што е длабоко затрупано во Уметноста, односно симптоми на ниското, нагонското, она во доменот на Она (односно Ид), значи реалното, несвесното, што одбива експресија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Романтичната љубов ни дава замислено изземање од општественото непријателство, ни овозможува да се величаме себеси и сопствените чувства без да ги гледаме низ призмата на туѓото неодобрување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа што таквите ликови не остваруваат дејство, туку изведуваат претходно утврдена и напишана улога, тие ја немаат, и при сета своја виртуозност (и мускулатура, барем во случајот со танчерите) мажествената достоинственост на спортските ѕвезди или на политичарите од едниот или од другиот род, кои на почетокот од играта не знаат точно што ќе прават со телата и како ќе се однесуваат во текот на дејството што ќе уследи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нѐ прави одново рамнодушни кон начинот на кој нѐ гледаат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму во овој контекст на родова паника околу „забранетата фантазија за машко театрално покажување“, а оттука и на сомнителниот статус на машкиот изведувач, мајката, според Д. А. Милер, го покажува своето вистинско значење – и како извор и потврда на синовата желба да изведува и како давателка на исклучително скапоцена општествена дозвола (75).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И ни овозможува пристап до извор на лично значење преку кој ќе си го осознаваме животот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мајчиното одобрување го иззема синот од терористичкиот надзор и од терористичкото спроведување на машките полови улоги, додека неговото идентификување со неа му овозможува пристап до просторот на самата изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму тука е најголемата опасност на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)