наоѓа (гл.) - нов (прид.)

Како и хомофобијата, таа вешто си добива нови облици и си наоѓа нови пројави.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А и Мајка не легнуваше пред Татко, постојано си наоѓаше нови обврски.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Поради тоа, тука сè уште ги имаме тие ужасни доув, што се срање - амфетамин, ништо, МDЕА, само во малку случаи МDМА.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако објавиш слика на еден вид таблета и кажеш дека е добра, утре ќе имаш иста таква само без ништо во неа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секогаш се наоѓаа нови будали што чекаа да бидат заведени од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај повремените оптимистични тврдења дека не е така, хомофобијата сѐ уште си е околу нас и си е чудесно приспособлива, си става нови маски и секој ден си наоѓа нови средства за да си се пројавува. ‌Има уште една причина за тврдоглавата издржливост на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)