наоѓа (гл.) - пат (имн.)

Јас не сум како другите јас сум река понорница која лесно наоѓа пат до твојата душа...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во ноќите осамени се сеќавам кога ги соединивме нашите души и секој пат беше ново, неоткриено, возбудливо, слободно, возвишено и посакував да трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе копнеам по твоите очи и ќе верувам во едно среќно вљубување , затоа што вистинската љубов си го наоѓа патот кој води до саканите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
6. Злото наоѓа пат да преплива простори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не треба многу - убаво му е кога го скокоткаат зад вратот, кога му шушкаат со хартија, кога ќе дофати нешто што е високо, кога ќе го пушти вовчето како пијано да се влече низ соба, кога ќе ја истури преполната кошница со играчки и сите викаат ’ле-лее’, кога си го наоѓа патот низ тревата и трча, трча, сè подалеку, слободен и сам.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тлеела долго омразата, и затоа вака си го наоѓа патот, си рече попот Никола.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој ми се чини во ред - впечаток потврден со фактот што е тука.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имал 60 кила хашиш, па двете години не му минале лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само времето наоѓа пат и истекува од неа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој секогаш наоѓа патишта за да нè заштити.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)