навести (гл.) - дека (сврз.)

И покрај тоа што Темпо ги осудил иредентистичките цели на Македонците како “непријателско држење“ и самиот навестил дека “обединета југословенска, грчка и бугарска Македонија се крајниот природен врв на легитимните аспирации на македонскиот народ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според расположливите информации немало никаков доказ кој би навестил дека „преминот на британските личности би успеал преку територијата окупирана од Арнаутите северно од Скопје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можам сега само да ти навестам дека миговиве во кои сега живеам почнуваат да пишуваат сосема ново поглавје од мојот живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како и самиот јазик да ти навестува дека светот со кој ќе се соочат твоите ноздрви е далеку покомплициран од светот во којшто си одраснал.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не помина ни месец од посетата на Елена и Наде, кога лекарот ѝ навести дека треба да размислува за одење дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пресметуваните ритмови се маскирани или подредени на траењето на настанот во „стварниот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Real time“, значи, навестува дека заедно со компјутерите се појавило и конкурентно, дигитално или компримирано време, време коешто не е паралелно со традиционалниот концепт за време.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никој нема да ти се вџаши, да свика за да се побуни, да те прекине среде реченица, ако се осмелиш да навестиш дека тип кој обожава диви, кој сака сентиментални песнички за невозвратена љубов или песни од мјузикли, кој наизуст ги знае најдобрите реплики на Бети Дејвис или им придава врховна важност на отмените парчиња или на внатрешното уредување – велам, никој нема да се згрози ако подречеш дека таков некој маж, можеби, евентуално, не е баш сосема стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или бушавиот само се обиде да ми навести дека помеѓу нас - чуваните и чуварите - не постои разлика па на чуден начин ми ја понуди својата поткрепа?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев дете кога го слушнав татко му на братучедот Благоја под лозницата во дворот како вели: Се случува одвреме навреме да откријам дека им се обраќам, дека им зборувам, на птиците, на магаренцето па дури и на прачките во лозјето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Полека тонев во некаква чудесна дремка...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Отчука трипати и со тоа навести дека набргу ќе дојдат тато и мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од таа чудесна дремка ме расони часовникот- кукавица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
20 Метеоролозите навестија дека конечно времето ќе се подобри - конечно Марта ќе се предаде, ќе му го отстапи местото на април и на пролетта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некаде кон крајот на летото татко ми навести дека многу брзо ќе го заврши својото проект.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)