крши (гл.) - ја (зам.)

Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој ја нашол и ѝ свикал: „Крши ја главата! За вештици нема дрвја!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одненадеж слушнало силни удари во својот корен, човекот со чекан удирал силно, кршејќи ја карпата на ситни парчиња, ситни како песок, прашинки што испарувале од жештината на сонцето, враќајќи се назад во космосот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)