крене (гл.) - ја (зам.)

Распеано му се обрати на Жеро Жерав: Летај, лилаво џуџе, славата до небо крени ја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Двајца сме, за сто души вредиме. Крени ја главата Пупи Паф, и во чекор следи ме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
7.6 Стоев така збунет И ми се јави Мајка И ми рече: Крени ја раката, Допри го моето чело!
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Крени ја главата, ќерко, нема кој да ти простува освен еден Господ и една Богородица! и со двете топли дланки го поткрева мургавото лице на Пелагија кое е наквасено од солзи па блесокот на очите е заматен.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)