издржи (гл.) - да (сврз.)

Те изгубив еднаш, ќе издржам да те изгубам уште еднаш, крајот не беше вчера, не е ни денес, никогаш нема ни да биде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секогаш ќе најдеме начин како да стигнеме еден до друг, со нашата судбина и нашата борба против суровоста на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега ме гледаше мене како се мачам, како се печам на нивната жар, и не можеше да издржи да не продолжи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не издржа да се влече зад мене, ме престаса и се оддалечи со голема брзина, оставајќи зад себе заглушувачка бучава и смрдеа од изгорена нафта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сепак, женското јазиче не издржа да не се почеша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)