дојде (гл.) - сите (зам.)

Прилог ~кон ~~ ~ ~ сшашисшикаша Од сто луѓе коишто се` знаат подобро - педесет и двајца, несигурни во секој чекор - речиси сите други, подготвени да помогнат, доколку тоа долго не потрае - дури четириесет и деветтемина, секогаш добри, бидејќи поинаку не можат - четворица, можеби и петмина, склони без завист да се восхитуваат - осумнаесетмина, доведени во заблуда со младоста што изминува - плус минус шеесетмина, со коишто нема шега - четириесет и четворица, оние што живеат во постојан страв од некого или нешто - седумдесет и седумина, 192 okno.mk способни за среќа - најмногу дваесет и неколкумина, поединечно безопасни, коишто здивуваат во толпа - сигурно повеќе од половината, окрутни, кога околностите ќе ги принудат - подобро да не знаеме дури ни приближно, мудри после штета - не значително повеќе од мудри пред штета, оние што од животот не земаат ништо освен добра - триесетмина, иако би сакала да грешам, згрбавени, заболени и без батериичка во полумракот - осумдесет и тројца порано или подоцна, праведни - прилично, то ест цели триесет и петмина, Маргина 37 193 ако таа црта е поврзана со напор за разбирање - тројца, достојни за сочувство - деведесет и деветтемина, смртници - сто отсто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од службената, протоколарна политичка свест на словенската држава и нејзиниот главен град, настана виртуелната, во уметнички концепт вклучената свест на NSK државата. Комплет со гостите, се разбира. 190 okno.mk Маргина 37 191
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СТЕВО: Во ресторан ми е послатко. (Пауза.) И нема да бидам тука за вечера. (Пауза.) Знам дека е слава, знам дека ќе дојдат сите роднини, комшии и пријатели.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Обрачот се приближи и до црквата каде што ги затече сите млади луѓе, жени и деца и добро му дојдоа сите на куп да не ги собираат од куќа на куќа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)